Навивач на Франција/EPA/Firas Abdullah

ВИДЕО | Успех или пораз, ништо не менува во Франција – повторно имаше хаос и немири

Поразот на Франција од Шпанија со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство 2026 предизвика немири во неколку француски градови, а најтешка беше ситуацијата во Париз и во Лион.

Илјадници навивачи натпреварот го следеа на видеобимови поставени на плоштадите, а по последниот судиски свиреж славеничката атмосфера брзо се претвори во хаос. Дел од присутните влегоа во судир со полицијата, при што биле фрлани разни предмети кон безбедносните сили.

Според информациите на француските медиуми, полицијата привела околу 150 лица. За воспоставување на редот биле ангажирани голем број полициски единици, кои по повеќечасовна интервенција успеале да ја стават ситуацијата под контрола.

Во одредени делови од Париз и Лион улиците наликувале на вистинска воена зона, додека безбедносните служби правеле напори да спречат понатамошна ескалација на насилството.

Француските медиуми посочуваат дека особено загрижува фактот што меѓу приведените имало голем број млади лица на возраст меѓу 15 и 25 години.

Но, ова е само продолжување на немирите кои во последно време исто така се случуваа и по успех на репрезентацијата или на екипата на ПСЖ.

ВИДЕО | Париз во хаос и по новата титула на ПСЖ: Уапсени се над 400 хулигани, има и повредени

Девојка загина во Франција за време на прославата по победата над Мароко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот