ВИДЕО | Нејмар го лекува мундијалскиот неуспех на јахта од 20 милиони евра
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар најде необичен начин да го преболи новото разочарување на Светското првенство. По елиминацијата на Бразил од Норвешка во осминафиналето, напаѓачот на Сантос одлучи да се повлече од фудбалските грижи и да ужива во луксуз вреден милиони.
Препорачано
Нејмар стана сопственик на суперјахта вредна 20,5 милиони евра, која веќе е закотвена во елитното бразилско одморалиште Ангра дос Реис, недалеку од Рио де Жанеиро.
Интересно е што јахтата не била создадена како луксузна играчка, туку започнала како работен брод, пред да помине низ целосна трансформација во вистинско пловечко богатство.
Јахтата има 37 метри должина и дури 800 квадратни метри простор за живеење, со шест луксузни апартмани, приватни зони за одмор и простори за забава.
Највпечатливиот детаљ е хелиодромот на палубата, кој на Нејмар му овозможува брз и дискретен пристап до бродот. Јахтата може да достигне брзина од околу 37 километри на час.
Иако Нејмар повторно остана без светската титула, која одамна е негов најголем фудбалски сон, летото ќе го помине во амбиент достоен за најголемите светски ѕвезди. Бразилската „десетка“ по тешкиот мундијалски удар избра терапија на море – и тоа со јахта од 20 милиони евра.


