Jaмал и Мбапе/EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

Шпанија вчера само ја продолжи доминацијата над Франција, Јамал е кошмар за Мбапе

Шпанија трета година по ред ја совладува Франција на големо натпреварување, потврдувајќи дека тимската игра, јасниот систем и континуитетот носат резултати пред индивидуалниот квалитет и звучните имиња.

„Триколорите“ на сите три турнири, Европското првенство, Лигата на нации и актуелното Светско првенство важеа за едни од главните фаворити за титулата, но секојпат беа запрени токму од својот сосед. Првиот удар го добија во полуфиналето на Европското првенство во Германија, каде што Шпанија победи со 2:1, натпревар на кој Ламин Јамал го најави својот блескав подем на светската сцена. Минатата година, во полуфиналето од Лигата на нации, „фуријата“ повторно беше подобра, тогаш со 5:4, а Јамал постигна два погодоци. Најубедливата победа, сепак, дојде во полуфиналето на Светското првенство, каде што актуелниот европски шампион целосно ја надигра Франција и не ѝ остави реална можност да се врати во натпреварот.

Исто така Ламин Јамал има импресивен биланс во дуелите против Килијан Мбапе, со девет победи наспроти само два пораза на репрезентативно и клупско ниво. Французинот славеше само еднаш со ПСЖ во Лигата на шампионите, кога Јамал имаше само 16 години и сè уште не беше стандарден првотимец на Барселона, како и еднаш со Реал Мадрид во шпанското првенство. Во сите останати пресметки, победник беше шпанскиот бисер.

Јамал, кој неодамна го прослави својот 19. роденден, сега е на чекор до освојување и на светската титула, со што би ги обединил европската и светската круна уште на почетокот од својата кариера.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот