ВИДЕО | Чамец со туристи се преврте кај островот Алкатраз — еден загина, двајца се изчезнати
Чамец со 19 туристи вчера се превртел во близина на островот Алкатраз во заливот на Сан Франциско, при што еден човек загинал, а двајца се водат за исчезнати, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Единаесет пловила продолжиле со потрагата по двајцата исчезнати луѓе, изјави началникот на пожарната служба во Сан Франциско, Дин Криспен, на прес-конференција.
Снимки од локалните телевизии покажуваат дека чамецот речиси целосно бил потопен, со горниот дел сè уште над водата, пред потоа да исчезне под површината.
#UPDATE: Boat sinks in #SanFrancisco Bay (near Alcatraz). 3 people missing. 20 people on board…mostly family members for a memorial service. 50-foot cabin cruiser departed from St. Francis Yacht Club and encountered “rough seas and took on water.” @nbcbayarea @SFFDPIO pic.twitter.com/z5fuzXeR3U
— Raj Mathai (@rajmathai) July 15, 2026
Американската крајбрежна стража соопшти дека се приклучила на спасувачката операција со други служби.
Причината за несреќата сè уште не е позната, изјави Криспен, додавајќи дека, спротивно на првичните информации, на чамецот немало пожар.
Полициски чамец прв пристигнал на местото на несреќата, а спасувачите пронашле човек со тешки повреди, рече Криспен.
Човекот починал и покрај обидите за реанимација.
Од 19-те патници на чамецот, 13 безбедно стигнале до брегот, а тројца други биле пренесени во болница, соопшти тој.
„Ќе продолжиме со операцијата уште неколку часа за да се обидеме да ги пронајдеме двајцата исчезнати луѓе, доколку е можно“, изјави Криспен.
И покрај сончевото и пријатно време, источните струи во заливот создале силни бранови на денот на несреќата.
Туристите и понатаму се заинтересирани за Алкатраз, мал карпест остров во заливот каде од 1934 до 1963 година функционирал федерален затвор. Тој долго време се сметал за затвор од кој е невозможно да се избега поради силните струи и поради студената вода околу островот.
Во денешно време, Алкатраз е национално историско обележје со кое управува Службата за национални паркови на САД.


