Украинците упатија над 340 дронови кон Москва за 24 часа, а Русите го нападнаа Киев
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека во изминатите 24 часа кон подрачјето на руската престолнина биле насочени 340 украински дронови, од кои најголемиот дел биле соборени од противвоздушната одбрана далеку од градот, пренесе ТАС.
Препорачано
„Повеќето беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на периферијата. Над 50 непријателски дронови беа уништени пред да стигнат до Москва“, напиша Собјанин на „Телеграм“.
Истовремено Украина ги засилила нападите врз руска инфраструктура, особено врз објекти поврзани со нафтената индустрија.
Украинските вооружени сили синоќа соопштија дека извеле напади со дронови врз петрохемискиот комплекс „Салават“ во регионот на Урал и рафинеријата „Афипски“ во јужна Русија. Нападите врз нафтената инфраструктура, според украинската страна, придонеле за недостиг на бензин во Русија.
Во исто време Русија ги интензивирала нападите со дронови и ракети врз Киев. Русија синоќа извршила нов бран напади со дронови и балистички ракети врз украинската престолнина, петти таков напад овој месец.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека биле оштетени 16 објекти во Киев, меѓу кои училиште и деловна зграда, додека градските власти соопштија дека избувнале неколку пожари во различни делови на градот.
Зеленски бара 300 „Патриоти“ за Украина да ја преброди зимата


