ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Венко Биковски, капетан-инструктор на „Боинг 737-800“: Летањето со цивилен авион сè уште е најсигурен начин на патување
Авионот на „Рајанер“ на линија Солун – Меминген (Германија) над територијата на Македонија имаше инцидент на воздухопловот „Боинг 737-800“ каде што, по изјавите на патниците, дојде до експлозија на десниот мотор на воздухопловот, кршење на прозорец во патничката кабина, моментална декомпресија, а животот на еден патник беше смртно загрозен. Имено, набрзо по полетувањето, се случил проблем со моторот (се претпоставува експлозија) чиј дефект предизвикал делови од моторот да го скршат прозорецот на кабината, што довело до брза декомпресија (губење на притисок ) во патничката кабина. Патник на возраст од 61 година од последиците на изедначување на притисоците во и вон авионот бил делумно извлечен надвор од авионот, но неговата сопруга и сопатниците херојски го задржале и го повлекле назад, внатре во кабината. Пилотите прогласиле вонредна состојба и безбедно го пренасочиле авионот назад кон Солун, каде што успешно слетале.
Препорачано
Во согласност со Анекс 13 на ICAO (меѓународна организација за цивилно воздухопловство), воздухполовниот инцидент се случил на територијата на нашата држава и оттаму произлегува обврската за нашите цивилни воздухопловни власти да имаат главна улога во сочинувањето на сублимираниот извештај за тој инцидент, кој ќе биде предаден на ICAO. Учество во таа комисија ќе земат (помеѓу нашите воздухопловни власти) и претставници од „Рајанер“, НТСБ од Америка (независно тело за истражување на несреќи чиј припадник е веќе делегиран за Македонија), државата Малта како земја на регистрација на воздухопловот, „Боинг“ како произведувач на авионот, „Генерал електрик“/„Снекма“ – произведувачи на моторите што биле инсталирани на тој воздухоплов.
Нашата држава како членка на ICAO во соработка со горенаведените ентитети треба да изготви извештај во рок од 30 дена и истиот да го испорача до ICAO. По тој повод гостин во студиото на „Слободен печат“ беше капетан-инструктор на „Боинг 737-800“ Венко Биковски, кој даде свое стручно видување за настанот односно за идната истрага каде нашата земја има главна улога.
Земајќи предвид дека вонредната состојба на летот FR-1879 со авионот „Боинг 737-800“ се случи на 10 јули 2026 година, остануваат уште приближно 25 дена за сочинување на прелиминарниот извештај за овој настан. Финалната верзија на извештајот треба да биде готова во рок од 12 месеци од денот на настанот.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Венко Биковски, пилот и капетан на Боинг 737: Живот над облаци и разделба


