Михалис Рокас - ЕУ амбасадор во Македонија / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Рокас: Се надевам дека партиите денеска ќе постигнат консензус за измените на Изборниот законик

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти партиите денеска ќе постигнат консензус за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда.

– Јас навистина се надевам дека денеска, затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии, компромисот ќе се постигне имајќи предвид, според моите информации, дека координаторите на политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од Реформската агенда – измените на Изборниот законик ќе може да се постигне затоа што се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени за бенефит на граѓаните на оваа земја. Навистина се надевам дека консензусот ќе може да се постигне – изјави Рокас одговарајќи на новинарско прашање по промоција на возила за Државниот транспортен инспекторат набавени со донација од ЕУ.

На прашањето, која е пораката за Македонија од ЕУ во услови кога денеска четири држави – кандидати отвораат и затвораат поглавја, евроамбасадорот рече дека се надева оти државава многу бргу ќе може да ги започне преговорите за пристапување.

– Пораката е јасна, процесот на проширувањето е инвестиција во безбедноста, сигурноста, просперитетот и конкурентноста на Европската Унија. И како што гледате, тој процес се одвива многу бргу, имаме „нагазено на гас“, за четирите земји процесот на проширување оди многу бргу. Искрено се надеваме дека Северна Македонија наскоро ќе може да го следи тој пат со цел да ги отвори пристапните преговори со ЕУ. Се надевам дека Македонија ќе може да го зграпчи тој моментум за да може да ги почне пристапните преговори, рече Рокас.

Тој дополни, дека се надева оти работите ќе можат да се придвижат напред.

– Веќе многу работа се прави зад радарот, зад погледите на јавноста, што не се гледа се со цел да може да се завршат работите. Се надевам дека наскоро ќе се најде решение кое ќе го отвори патот за започнување преговори со ЕУ, рече Рокас.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Димитар Апасиев: Прифаќам гласање на дијаспората по пошта во замена за една изборна единица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот