Петар Маѓар / Фото: принтскрин / Икс

Петар Маѓар доби необичен подарок од премиерот на Пакистан: „Не подаруваат сите револвер“

Унгарскиот премиер Петер Маѓар на социјалните мрежи сподели необичен подарок што го добил од премиерот на Пакистан, а на шега го спомена подарокот што сите делегации го добија од Турција по самитот на НАТО во Анкара, пренесува „Турција денес“.

Ердоган им подари гравирани пиштоли на лидерите на НАТО

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, им подари револвер на сите учесници на самитот на НАТО во Анкара, а Маѓар го спомена ова кога сподели фотографија од подарокот што пристигна од Пакистан.

„Не дава секој револвер за подарок. Денес добив пријатно изненадување во мојата канцеларија. Добивме 90 манга од премиерот на Пакистан“, напиша Маѓар.

Премиерот на Унгарија вели дека подарокот бил исклучително популарен во неговата канцеларија.

„Неколку часа подоцна, останаа само неколку. Ви благодарам“, напиша Маѓар.

Револверот од Ердоган патува за Скопје, ама Сиљановска-Давкова нема ни да го пипне

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот