Ердоган / Фото EPA

Ердоган им подари гравирани пиштоли на лидерите на НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му подарил на секој лидер на НАТО револвер со изгравирано име и кутија со боева муниција по самитот во Анкара, објави „Гардијан“.

Ердоган на секој лидер му дал и писмо со кое Турција ги укинува извозните ограничувања за оружјето, за да можат да го изнесат од земјата.

И покрај тоа, британскиот премиер Кир Стармер изјавил дека морал да го остави оружјето во Анкара, бидејќи не можело законски да биде внесено во Обединетото Кралство со владиниот авион.

Портпаролот на германската влада изјави дека револверот наменет за германскиот канцелар Фридрих Мерц бил предаден на германската амбасада за да се спроведе постапка за законски увоз, по што ќе биде вклучен во колекцијата на официјални подароци.

Подароците за лидерите на НАТО обично се многу поконвенционални.

„Имаме најголема армија во Европа“ — Ердоган зборуваше за мегапроектот „Челична купола“ пред лидерите на НАТО

Во 2016 година, на самитот на НАТО во Варшава, официјалните подароци вклучувале шишиња традиционална полска медовина, локални чоколади и поштенски марки со специјален печат.

Две години претходно, кога Обединетото Кралство беше домаќин на самитот во Велс, светските лидери, меѓу кои и Барак Обама, добиле пакетчиња со волнени чорапи, шишиња виски „Пендерин“ и со велшки вафли.

Дводневниот самит, кој започна во вторникот, ги собра лидерите на сите 32 земји членки на НАТО, меѓу кои и Доналд Трамп.

Во завршното обраќање на самитот, американскиот претседател изрази големи пофалби за Ердоган, опишувајќи го како „голем човек, голем лидер“ и „близок пријател“.

Тој изјави дека турскиот претседател е „силна личност, со многу силен карактер“, додавајќи дека токму затоа ја предводи „големата земја“.

Трамп исто така ја пофали „огромната љубов“ и „огромното единство“ меѓу лидерите на НАТО на самитот – и покрај тоа што неколку часа претходно предизвика хаос на средбата со барањето САД да ги прекинат трговските врски со Шпанија.

„Taa e ужасен партнер“: Трамп нареди САД да ја прекине трговијата со Шпанија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот