ФОТО | Зендaја како божица во Париз — со златната маска на лицето ги воодушеви модните критичари
Зендaја важи за една од најдобро облечените ѕвезди во Холивуд. На фотосесијата по повод промоцијата на филмот „Одисеја“ (The Odyssey) во Париз, актерката се појави во впечатливо издание инспирирано од грчката митологија и ги импресионираше љубителите на модата.
Препорачано
Таа носеше бел архивски фустан од високата мода на Александар Меквин за модната куќа „Живанши“, надополнет со драматична златна покривка за глава на дизајнерот Филип Трејси. Необичниот моден додаток го покриваше речиси целото нејзино лице, оставајќи ги видливи само очите и усните, а изгледот го заокружи со темнобордо кармин.

Креацијата потекнува од првата колекција на Меквин за „Живанши“, претставена во сезоната пролет/лето 1997. Колекцијата, составена од модели во бела и златна боја, била инспирирана од грчката митологија и денес се смета за една од најзначајните во неговата кариера.
Модниот избор не е случаен. Во новиот филм на режисерот Кристофер Нолан, „Одисеја“, Зендаја ја толкува божицата Атена – божица на мудроста и војувањето во старогрчката митологија.

За време на целата промотивна турнеја актерката привлекува внимание со внимателно осмислени модни комбинации, создадени во соработка со нејзиниот долгогодишен стилист Ло Роуч.
На премиерата во Лондон таа носеше впечатлива креација на „Скијапарели“, додека на претходната фотосесија се појави во бел фустан изработен специјално за неа од модната куќа „Жакмус“.

Покрај Зендаја, во актерската екипа на „Одисеја“ се и Ен Хатавеј, Мет Дејмон, Шарлиз Терон, Роберт Патинсон, Лупита Нионго и Том Холанд.
„Беше вистинско задоволство и привилегија да делам сцени со луѓе на кои им се восхитувам. Дел од вас мора да се фокусира на работата, но бев навистина возбудена што сум таму и сакав да го дадам најдоброто од себе“, изјави неодамна Зендаја.
ФОТО | Како грчка скулптура — Зендаја блесна во фустан на „Скијапарели“ на премиерата на „Одисеја“


