ФОТО+ВИДЕО | Не се знае која е позгодна! Џеј Ло ужива во Париз со „жената во сенка“
Париз деновиве повторно е центарот на светот на модата и забавата. Топлотниот бран, заедно со високите температури, донесе и „висок напон“ за кој се заслужни холивудските ѕвезди – некои се тука поради Неделата на висока мода, други пристигнаа за филмот „Одисеја“. Првата група „висока мода“ ја предводи латино дивата Џенифер Лопез, која на модните ревии ужива во друштво на посебна личност…
Препорачано
View this post on Instagram
Познатата актерка и пејачка ја користи секоја можност да нагласи колку е блиска со сестрите. Додека најстарата Лесли, професорка по музичко, не сака да се експонира, најмладата Линда не бега од камерите. Впрочем, таква е и природата на нејзината работа. На угледната њујоршка новинарка и водителка односите со јавноста и медиумите не ѝ се непознаница, а често соработува и со две години постарата сестра Џенифер Лопез (56).
View this post on Instagram
Џеј Ло деновиве е една од најфотографираните жени во Париз. Таа внимателно ги следи настаните на Неделата на висока мода, а друштво ѝ прави нејзината помлада сестра, Линда.
Прво свратиле во прекрасната градина на музејот Роден, за модната ревија на „Диор“, за која избрале елегантни црни комбинации. Следниот ден, фотографите ги „уловиле“ уште пред да го напуштат хотелот. На еден моден настан отишле облечени во пастелни тонови, кои совршено се вклопиле во амбиентот.
Линда се појавила во елегантен костум во нежна розова боја, а Џенифер во кратко здолниште во маслинеста нијанса и асиметричен крој, бела блуза и широк мантил во пудрести тонови.
Наредниот ден сестрите излегле во град во полежерни комбинезони. Џенифер Лопез ја „спакувала“ својата совршена фигура во кафеав комбинезон со широки панталони, со прерамки и интересен јазол на половината, додека нејзината сестра се одлучила за проѕирен летен фустан со раскошен дезен и карнери.
View this post on Instagram
Џенифер и Линда се појавиле и на модната ревија на Зухар Мурад во раскошни креации.
View this post on Instagram
Кога во една прилика се присетила на своето детство, Линда се пошегувала дека често се карала со своите постари сестри. Денес, таа има продуцентска куќа во Њујорк. Ја има ќерката Луси, која ја доби со публицистот Адам Голдфрид пред 17 години. Се занимава и со семејната хуманитарна организација „Фондацијата на семејството Лопез“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО | Како Одри Хепберн — погледнете како изгледала Џенифер Лопез на венчавката на Тејлор Свифт


