Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Колач со кајсии

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – колач со кајсии.

– Кога летото ќе ни подари миризливи и сочни кајсии, нема подобар начин да ги искористиме од овој едноставен, а раскошно вкусен колач. Со својата мека текстура, кремаста внатрешност и нежна арома на ванила, овој десерт е вистинско уживање за сите сетила. Бадемите додаваат суптилна крцкавост, а кајсиите внесуваат природна свежина и овошна сладост во секој залак – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки за колачот:

– 10 свежи кајсии, преполовени и исчистени од семки
– 3 јајца
– 120 г брашно
– 90 г шеќер
– 150 мл полномасно млеко
– 150 мл слатка павлака
– 40 г ливчиња од бадем
– 1 лажичка екстракт од ванила

За калапот:

– 1 лажица путер
– 1 лажица кафеав шеќер

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Калапот за печење премачкајте го со путер и рамномерно посипете го со кафеав шеќер.

Измијте ги кајсиите, преполовете ги и отстранете ги семките, па наредете ги во калапот со пресечената страна нагоре. Во подлабок сад изматете ги јајцата и шеќерот додека добиете светла и пенеста смеса. Додајте ги млекото, слатката павлака и екстрактот од ванила, па кратко измешајте. Постепено додавајте го брашното, мешајќи додека смесата не стане мазна и без грутчиња. Прелијте ја смесата врз наредените кајсии. Одозгора рамномерно распоредете ги листовите од бадем.

Печете 20-30 минути, или додека колачот не добие убава златножолта боја и целосно се стегне.

Извадете го од рерна и оставете го да одмори околу 10 минути пред сервирање.

Послужете го колачот млак, со топка сладолед од ванила. Контрастот помеѓу топлиот, миризлив колач и ладниот сладолед создава совршена хармонија на вкусови и текстури. Секој залак носи дел од летната магија и уживање што долго се памети.

На здравје!

Фото: Приватна архива

 

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Тиквички полнети со моцарела

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Џем од кајсии

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Тиквички полнети со моцарела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот