Вкусни приказни со Кристина Колевски — рецепт за торта со јагоди
Во време кога сите брзаме и често готвиме „набрзина“, убаво е да се потсетиме дека подготовката на храната може да биде и вистинско уживање.
Препорачано
Токму така готви и Кристина Колевски од Битола – со вистински мерак и љубов кон целиот процес. Преку својот инстаграм-профил @solenoblagiprikazni, таа веќе подолго време ги инспирира луѓето да влезат во кујна, да си дадат време и да зготват нешто вкусно.
Денеска таа ни го претставува својот рецепт за торта со јагоди.
Состојки
Бисквит
- 250 гр бисквити
- 125 гр растопен маргарин
- 50 мл чоколадно млеко
- 2-3 лажици чоколаден крем
Фил
- 750 мл млеко
- 2 пудинзи со вкус на јаготка
- 4 лажици шеќер
- 1 лажица кисела павлака
- 1 пакетче шлаг крем со вкус на ванила
Прелив
- 200 гр замрзнати јагоди
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица густин
- 50 мл вода
Подготовка
Сомелете ги бисквитите, а потоа соединете ги со млекото и растопениот маргарин. Ставете ја смесата во соодветен калап, убаво натапкајте ја и израмнете ја со лажица. Од горе премачкајте ја со чоколаден крем и ставете ја во фрижидер да се зацврсти.
За тоа време подгответе го филот. Ставете 650 мл млего да се вари со шекерот. Потоа додадете ги претходно растворените пудинзи со остатокот од млекото и мешајте. Готовиот пудинг оставете го да олади. Откако ќе олади, изматете го со миксер, потоа додадете ја киселата павлака и пакетчето шлаг крем и продолжете со матење. Готовиот фил ставете го врз бисквитот и вратете ја повторно во фрижидер да се зацврсти. За тоа време спремете го преливот.
Во тенџерче на оган ставете ги исецканите јагоди, заедно со шеќерот и водата. Варете околу 5 минути. Потоа додадете го густинот растворен со малку вода и убаво промешајте. Готовиот прелив ставете го над филот. Тортата вратете ја во фрижидер.
Оставете нека се лади неколку часа потоа послужете.
Уживајте!


