Нискокалоричен појадок за силен почеток на денот — нутриционистката Спасовска Мојсовска ни сподели рецепт за протеински тост
Оброците кои се лесни за подготовка, не го оптоваруваат организмот, а истовремено ни даваат енергија и ситост. Се вели „правилната исхрана не е краткотрајна диета“ па водејќи се по ова „правило“, кое ни носи здравје, енергија и самодоверба, нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска ни сподели идеален рецепт за овој период од годината.
Препорачано
Без разлика дали вашата цел е слабеење, подобро здравје или поголем баланс во секојдневието, овој лесен оброк е совршен чекор кон тие здрави навики.

Рецепт: Протеински тост со јајце и авокадо
Оваа брза и хранлива алтернатива е идеална за вкусен појадок или лесен ручек, нудејќи совршена комбинација на здрави масти и протеини кои ќе ве држат сити со часови.
Состојки:
- 1 парче интегрално лебче (настојано или потпечено)
- 1 јајце (варено или подготвено на око)
- 1/2 зрело авокадо
- Прстофат сол, црн бибер и лимонов сок по желба
Подготовка:
Парчето леб убаво се потпекува. Авокадото се пасира со малку лимонов сок и сол, па се премачкува преку тостот. Најгоре се додава претходно подготвеното јајце и се зачинува со црн бибер по вкус.
Совет за сервирање:
За уште посвеж летен вкус, тостот можете да го комбинирате со неколку чери домати или свежи ливчиња босилек на страна.

Хранлива вредност (по порција):
Благодарение на внимателно избраните состојки, овој оброк нуди одличен баланс на макронутриенти со контролиран број на калории:
Нутритивен профил Вредност
- Калории 310
- Протеини 12 грама
- Јагленохидрати 20 грама
- Масти 16 грама
Уживајте во вкусот на здравјето и леснотијата ова лето.
Нутриционистката Спасовска-Мојсовска ни сподели рецепт за брз и здрав нискокалоричен оброк
Нутриционистката Спасовска-Мојсовска ни сподели рецепт за брз и здрав нискокалоричен оброк


