Тревис Келси и Тејлор Свифт на нивната фотосесија за свршувачката / Фото: Инстаграм/Тејлор Свифт

Тејлор Свифт и Тревис Келси се венчале пред големата свадбена прослава во Њујорк

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт и играчот од НФЛ Тревис Келси веќе се венчани, објавија „Пејџ сикс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Како што пренесува американскиот медиум, двојката разменила завети пред „мала група најблиски“, пред да се случи големата свадбена прослава во Њујоркс.

„Тие веќе се венчани“, потврдил еден извор за „Пејџ сикс“.

Не се наведува кога или каде се случила венчавката, иако се наведува дека приватниот авион на Свифт неодамна поминал време во Нешвил.

Добро информиран музички инсајдер од Нешвил рекол дека градот е воодушевен што двојката „веќе се венчала законски“.

Друг извор рекол дека има гласини дека малата церемонија неодамна се одржала во Тенеси, каде што Свифт се преселила кога имала само 14 години за да стане текстописец.

Според веб-страница што го следи приватниот авион на Свифт, авионот на пејачката направил серија интригантни застанувања во неделата во градовите каде што живеат најблиските членови на семејството на двојката.

По полетувањето од Нешвил, авионот слетал во Филаделфија, каде што живее таткото на Келси. Пенсилванија е исто така дом на постариот брат на Келси, Џејсон, и неговата сопруга, Кајли. Потоа одлетал до Тампа, каде што живее таткото на Свифт, Скот, пред да се врати во Нешвил. Авионот останал таму до 30 јуни, кога се упатил назад кон Њујорк.

Портпаролот на Свифт не одговорил веднаш на барањето за коментар.

Том Хенкс им даде брачен совет на Тејлор Свифт и Тревис Келси: „Мажот мора да прави…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот