Роби Вилијамс / Фото: Скриншот

ВИДЕО | Никој не го препозна на прв поглед — една од најголемите британски музички ѕвезди запеа со уличен пејач во Севиља

Британскиот пејач Роби Вилијамс ги изненади и воодушеви минувачите во шпанска Севиља, кога спонтано му се придружи на уличен музичар кој ја изведуваше неговата песна „Angels“.

Популарниот музичар, кој моментално е на европската турнеја „Бритпоп“, пред концертот во Севиља прошетал низ историскиот центар на градот. Во квартот Санта Круз, на плоштадот „Пласа де Санта Марија ла Бланка“, слушнал уличен музичар како го свири неговиот голем хит од 1997 година и без двоумење запеал заедно со него.

На видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, Вилијамс е облечен во црна облека и бејзбол-капа, додека со насмевка ја изведува песната заедно со гитаристот. Насобраните минувачи со воодушевување го следеле неочекуваниот настап и го поздравиле со аплауз.

„Во срцето на севилскиот кварт Санта Круз, на плоштадот ‘Пласа де Санта Марија ла Бланка’, пејачот Роби Вилијамс наиде на уличен музичар кој изведуваше една од неговите песни и му се придружи во пеењето“, стои во описот на видеото што стана вирално.


Инаку, 52-годишниот музичар во моментов настапува низ Европа, а по завршувањето на европскиот дел од турнејата ќе ги посети и Австралија и Нов Зеланд.

Неодамна внимание привлече и видео што на социјалните мрежи го објави неговата сопруга Ајда Вилијамс. Таа го снимила додека во боксерки ја пребарува гардеробата во потрага по својата „среќна облека“ пред натпреварот меѓу Англија и Хрватска, а во описот на снимката низ шега напиша: „Дали и вашиот сопруг го прави ова?“

Роби Вилијамс го сруши рекордот на „Битлси“: Со најновиот албум стигна до првото место на британската листа по 16-ти пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот