Новак Ѓоковиќ на Вимблдон/Фото: EPA/NEIL HALL

Новак Ѓоковиќ синоќа заработи 214.421 евро, а еве на колку се проценува неговото богатство

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ синоќа заработи точно 214.421 евро со пласманот во третото коло на Вимблдон во Лондон.

Овој врвен спортски успех повторно во светската јавност го покрена прашањето за неговото огромно богатство, за кое неодамна зборуваше.

На јавноста добро ѝ е познато дека српскиот ас поседува луксузни недвижности низ целиот свет, но за точната цифра со која располага секогаш бил таинствен.

Гостувајќи кај еден од најпознатите британски новинари, Пирс Морган, Ѓоковиќ се соочил со директни прашања за својот повеќемилионски приход.

На прашањето на водителот дали знае колку е богат, Новак кратко одговорил: „Приближно“.

Кога Морган инсистирал на конкретна бројка, тенисерот се обидел да го избегне одговорот велејќи дека не сака да зборува за тоа, но набрзо скромно додал:

„Имам повеќе од еден милион“.

Британскиот новинар не поверувал во овој одговор, па ја изнел својата проценка:

„Ако требаше да претпоставам, би рекол барем 300-400 милиони“.

На тоа, Новак, со препознатливата насмевка, само таинствено потврдил: „Можеби“.

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на gрен слем турнирот Вимблдон откако го победи 87 светски тенисер Стефанос Циципас од Грција во три сета, 6:3, 6:4, 6:2, во второто коло во Лондон. Мечот траеше еден час и 41 минута.

Ѓоковиќ ќе игра против 28 светски тенисер Французинот Артур Риндеркнеш во третото коло.

Ѓоковиќ рутински го совлада Циципас и се пласираше во третото коло на Вимблдон

Ѓоковиќ: „Под итно мора да има промени во тенисот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот