Лукаку си призна: Не бев ментално подготвен да го шутирам пеналот
Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку објасни зошто одлучил да му го препушти одлучувачкиот пенал на капитенот Јури Тилеманс во драматичната победа над Сенегал, со која Белгија обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство.
Препорачано
Белгијците беа во тешка ситуација, откако до самиот финиш губеа со 2:0, но со два гола во периодот меѓу 86. и 89. минута успеаја да израмнат и да го одведат натпреварот во продолженија.
Во самиот финиш од дополнителните 30 минути, Белгија доби пенал. Додека сенегалските фудбалери жестоко протестираа поради судиската одлука, Лукаку ја држеше топката и се чинеше дека токму тој ќе ја преземе одговорноста. Сепак, по неколкуминутното чекање, ја предаде топката на Тилеманс, кој остана смирен и прецизно погоди за победа од 3:2.
По натпреварот, Лукаку призна дека не се чувствувал психолошки подготвен да го изведе најважниот удар на мечот.
„Ментално не бев подготвен за толку тежок и важен момент, па сметав дека е подобро тоа да му го препуштам на Јури. Тимот секогаш е пред сè“, изјави белгискиот напаѓач.
Лукаку истакна дека Белгија успеала да елиминира една од најсилните селекции на шампионатот.
„Доста ми е од вакви натпревари. Беше исклучително напорно, но покажавме карактер. Ваквите победи уште повеќе го обединуваат тимот. Ова се најслатките триумфи и за нас и за навивачите. Сенегал е една од најдобрите репрезентации на турнирот, технички, физички и тактички. Беше навистина тешко, но на крајот пресуди нашиот тимски дух и желбата за победа“, порача Лукаку.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Во Мексико убиен возач откако влетал во толпа навивачи, има и повредени


