Фото: EPA/ENRICO MATTIA DEL PUNTA

Фудбалерот на Интер, Алесандро Бастони, под истрага за искористување на малолетничка

Во Италија продолжува да се развива скандалот што изминативе денови ја потресува фудбалската јавност, а во центарот на аферата се наоѓа дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони (27), кој според наводите на италијанските медиуми е под истрага поради сомнение за искористување на малолетничка за проституција.

Според информациите на италијанските медиуми, во јавноста протекоа пораки од кои, како што тврдат истражителите, може да се заклучи дека Бастони бил свесен за природата на договорот. Средбата со малолетната девојка наводно била организирана преку посредник од агенција со седиште во Чинисело Балсамо.

Во една од пораките Бастони наводно бара максимална дискреција:

„Сè мора да остане во тајност, ве молам. Пишувајте… да не оставиме никакви траги.“

Договорите, според италијанските медиуми, се воделе преку Антонио Саламоне, вработен во пи-ар агенција која исто така е предмет на истрага. Тој наводно му порачал на Бастони:

„Мислам дека таа малолетничка сака да помине ноќ со тебе. Има ли место каде што можете да се скриете? Да, ќе смислиме нешто; во најлош случај ќе ја однесеш дома.“

Во понатамошната комуникација се појавиле и расправи за логистиката и трошоците. Саламоне наводно предупредил на цената на превозот, наведувајќи:

„Таксито ќе те чини цело богатство. Ќе дојде мојот возач. Чини 50 евра во еден правец, значи вкупно 100 евра, ако не сакаш ти да ја однесеш назад.“

На тоа Бастони одговорил:

„Навистина толку… зошто? А сушито ќе чини околу 100 евра, нели?“

Саламоне потоа додал детали околу трошоците за оброкот:

„Човеку, може ли суши да чини 100 евра? Осуммина сме, па ќе нарачам и ќе најдам нешто што им одговара на сите. Мислам дека тоа ќе биде најмалку 200-300 евра. Знам луѓе што заработуваат 1500 евра месечно, а попаметни се од тебе. Не ми поставувај такви ограничувања.“

Според наводите, Бастони на крајот се согласил на договорените услови, додека Саламоне бил задолжен и за организацијата и за безбедноста на девојката во текот на ноќта. Во една порака наводно ѝ напишал: „Ако има проблеми, јави ми се“, на што наскоро стигнал одговор: „Кај него сум, тука ќе спијам.“

Утрото по настанот, според истите извори, стигнала потврда дека сè поминало без проблеми. Бастони, според „Gazzetta dello Sport“, требало да се појави пред судот во Милано во петок, но до тоа наводно нема да дојде бидејќи претходно треба да се сретне со своите адвокати за да се договорат околу правната стратегија.

Барбарез е Србин, Хрват и Босанец — му се заканувале дека ќе му ја убијат мајката, сега е херој на нацијата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот