Јури Тилеманс/Belgian Red Devils

ВИДЕО | Белгијците, пред да режираат луд пресврт, ќе се степаа на теренот

Понекогаш не се потребни долги тактички анализи и цртање комбинации на табла за да се разбуди една екипа. Доволен е еден жесток момент меѓу соиграчите кој ќе ја разбуди натпреварувачката страст.

Токму тоа, според многумина, се случи со Белгија во драматичниот дуел против Сенегал на Светското првенство, по кој Белгијците по продолженијата славеа со 3:2 и обезбедија место во осминафиналето.

Во 70. минута, веднаш по паузата за освежување, на теренот дојде до жестока расправија меѓу Леандро Тросар и Јури Тилеманс. Тросар бараше топка, но неговиот соиграч испрати додавање во друга насока, по што нервозата ескалираше.

Двајцата почнаа да се туркаат и да се влечат за дресови, а ситуацијата се закануваше да прерасне во поголем инцидент. За да се смири тензијата мораа да интервенираат нивните соиграчи Николас Раскин и Ромелу Лукаку, а во раздвојувањето се вклучија и сенегалските репрезентативци Камара и Ниакате.

Инцидентот очигледно не ја наруши атмосферата во белгискиот состав. Напротив, тимот потоа одигра далеку подобро и успеа да направи голем пресврт, претворајќи негатива од 0:2 во победа од 3:2 по продолженијата.

ВИДЕО | Американците го претресоа Меси од глава до пети

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Во Мексико убиен возач откако влетал во толпа навивачи, има и повредени

Можеби е време да посетат некој врач — неверојатно што му се случи на Сенегал во една година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот