Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Чупиќ номиниран за најдобар тренер во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација го номинираше тренерот на РК Вардар, Иван Чупиќ за тренер на сезоната во Лигата на Европа.

Под водство на хрватскиот тренер, „црвено-црните“ стигнаа до четвртфиналето во второто по квалитет европско натпреварување. Иако беа елиминирани од француски Монпелје, ракометарите на Вардар пружија силен отпор и до самиот крај на реваншот беа во игра за пласман на завршниот турнир.

Во трката за наградата се наоѓаат уште и поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо, кој го предводеше Мелсунген, потоа Магнус Андерсон од Порто, како и тренерот на Фленсбург, Алеш Пајовиќ.

Чупиќ: Кога ќе почнеме да играме, ќе знаеме дали овој формат на ЛШ е подобар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот