Тотенхем го потврди засилувањето од 100 милиони евра
Тотенхем официјално го потврди ангажманот на португалскиот играч од средниот ред Матеуш Фернандеш од Вест хем, во трансфер вреден околу 100 милиони евра (85 милиони фунти), со што тој стана најскапото засилување во историјата на лондонскиот клуб.
Препорачано
Фудбалерот по трансферот не го криеше задоволството што пристигнува во лондонскиот клуб.
„Пресреќен сум што го направив овој чекор во кариерата. Тотенхем е еден од најголемите клубови, а разговорот со тренерот ме убеди дека ова е вистинското место за мене. Имаме иста визија за фудбалот, тим кој игра борбено, со многу енергија и секогаш оди на победа. Со нетрпение очекувам да ги запознаам навивачите, соиграчите и сите во клубот, а на теренот ќе го дадам максимумот“, изјави португалскиот фудбалер.
Интересен е податокот дека Фернандеш две последователни сезони испаѓа од елитното друштво, но тоа воопшто не ја намали неговата вредност на трансфер-пазарот.
Минатото лето, по испаѓањето на Саутемптон, тој премина во Вест хем во трансфер вреден околу 44 милиони евра, при што „светците“ задржаа и 15 проценти од неговата следна продажба.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
27мин
-
35мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


