Милер-Мекинтаер е нов кошаркар на Олимпијакос
По неколку недели најави и шпекулации, трансферот на Коди Милер-Мекинтаер во Олимпијакос доби официјална потврда. Грчкиот и актуелен европски шампион го претстави американскиот плејмејкер како големо засилување, а договорот е потпишан на три години.
Препорачано
Иако веќе извесно време се очекуваше разделба со Црвена звезда, сега е и официјално потврдено дека Милер-Мекинтаер кариерата ја продолжува во Пиреја. Американецот, кој настапува како натурализиран играч за бугарската репрезентација, зад себе остава силна сезона во Евролигата.
Во најсилното европско клупско натпреварување тој имаше просек од 12,6 поени, 7,4 асистенции и 4,5 скока по натпревар, потврдувајќи ја својата улога како еден од најдобрите организатори на играта во лигата. Дополнително, во АБА лигата исто така бележеше стабилни бројки и значаен придонес за белградскиот тим.
Во текот на кариерата, Милер-Мекинтаер двапати ја завршуваше сезоната како најдобар асистент во Евролигата – прво во дресот на Басконија, а потоа и како член на Црвена звезда. Со белградскиот клуб освои и два трофеи во Купот „Радивој Кораќ“, а остана запаметен и по пласманот во плеј-ин фазата на Евролигата.
Со трансферот во Олимпијакос, грчкиот гигант добива проверен плејмејкер со големо европско искуство, кој се очекува да биде еден од клучните играчи во новиот проект на клубот.


