ВИДЕО | Позната инфлуенсерка откри дека нејзината двегодишна ќерка боледува од рак
Инфлуенсерката Нара Смит (24) објави дека на нејзината двегодишна ќерка Вимси Лу ѝ е дијагностициран рак. Нара и нејзиниот сопруг, 28-годишниот модел Лаки Блу Смит, дознале за болеста кон крајот на минатата година, но веста ја споделиле со јавноста дури сега во емотивна објава на Инстаграм.
Препорачано
Мајчински инстинкт и тешка дијагноза
„Кога забележавме нешто сомнително кај неа, ја однесовме во итната помош, но тие не знаеја за што се работи“, рекла Нара во видеото.
Поради тоа се обратиле кај својот педијатар.
„Се сеќавам дека стана многу тивок и смирен, а срцето ми се стегна во тој момент. Не знам дали беше претчувство или само мајчински инстинкт, но првото нешто што го почувствував беше дека има рак“, додала таа.
View this post on Instagram
Лекарот ги упатил во најблиската детска болница за понатамошни анализи. По рендгенот, ултразвукот и биопсиите, на сопружниците им била соопштена поразувачката вест – на нивната ќерка ѝ е дијагностициран рак кој веќе се проширил, па морала веднаш да започне со хемотерапија.
„Сакавме некому да му дадеме утеха“
Целиот процес на соочување со дијагнозата бил исклучително тежок, објаснила Нара, наведувајќи го тоа како причина зошто во последно време не е активна на социјалните мрежи. Дополнителна тежина на ситуацијата ѝ дава фактот дека двојката во тоа време го доби своето четврто дете. Ќерката Фони Голден е родена на 27 септември 2025 година, приближно во исто време кога дознале за болеста на малата Вимси.
Нара откри дека утеха нашла на интернетските форуми и во разговорите со родителите кои минуваат низ слични искуства.
„Сакавме да го споделиме ова со надеж дека ќе му дадеме на некој друг иста утеха“, порачала таа.
View this post on Instagram
Благодарност и пораки за поддршка
Во описот на видеото, Нара ја изрази својата благодарност до медицинскиот персонал.
„Благодарна сум на секоја медицинска сестра и лекар на нашиот пат што ни помогнаа ова да го пребродиме и да излеземе на другата страна“, напишала таа.
Смит не открила за кој вид рак станува збор ниту моменталната состојба на нејзината ќерка.
По објавата, пријателите и следбениците испратија бројни пораки за поддршка до семејството.
„Се молам за вашето девојче и за целото ваше семејство. Ви благодарам што и понатаму размислувате како да им помогнете на другите“, е еден од коментарите. „Поминавте низ толку многу. Издржавте сè со толку многу достоинство, дури и во постпородилниот период. Ви испраќам на сите многу љубов и сила“, напиша друга следбеничка.
Нара и Лаки Блу Смит се родители и на петгодишниот Рамбл Хани и четиригодишниот Слим Изи.
View this post on Instagram
ФОТО | Српска манекенка итно евакуирана од Дубаи: „Да се доживее нешто вакво…“
Британска инфлуенсерка фатално избоде маж во Дубаи, ѝ се заканува смртна казна


