Антониа Гиговска - Фото Слободен печат - Здравев Методи
Антониа Гиговска - Фото Слободен печат - Здравев Методи

Плачев, се борев со емоции, бев психички исцрпена: Исповед на Антониа Гиговска

Погодена од лошите коментари по изјавата дека не можела да го дои синот Киан, се огласи пејачката Антониа Гиговска.

„Чувствувам потреба да се огласам по вчерашното гостување во Лазаров поткаст и коментарите под видеото поврзани со моето искуство со доењето.

Во поткастот отворено зборував за еден од најтешките периоди во мојот живот. Искрено и без маски затоа што сметав дека треба да зборувам и за таквите моменти од мојот живот.

Да, се обидов да дојам, но наместо да се чувствувам исполнето, јас се чувствував психички исцрпено. Плачев, се борев со емоции кои тешко може да ги разбере некој што не ги доживеал.

По многу преиспитувања сама со себе донесов одлука да продолжиме со адаптирано млекце. Тоа не беше лесна одлука, но беше најдобрата одлука за мене, а со самото тоа и за моето бебе.

Не е ништо страшно ако немаш доволно млеко и продолжиш да го храниш своето дете со адаптирано млеко
Затоа искрено ме растажува кога гледам колку лесно знаеме да осудиме некој, а колку ретко застануваме да разбереме низ што навистина поминува една мајка.

Ова не го пишувам за да се оправдувам. Немам потреба од тоа. Го пишувам затоа што знам дека во овој момент постои барем една мајка која се чувствува виновна затоа што не можела или не сакала да продолжи со доење. Ако си една од нив, сакам да знаеш дека не си сама. И не си помалку мајка.

Мајчинството не се мери според начинот на кој го храните вашето дете. Се мери според љубовта, грижата, непреспиените ноќи, посветеноста и се она што секојдневно го правите за своето дете.

Од срце им благодарам на сите кои ме разбраа, кои ми дадоа поддршка и кои избраа емпатија наместо осуда. Токму поради таквите луѓе верувам дека е време да престанеме да ги третираме ваквите теми како табу.

На крајот, за мене е најважно моето дете да е сакано, здраво, среќно, најадено и никогаш да не е гладно. Тоа секогаш ќе биде поважно од секое туѓо мислење и секоја осуда.

Ако со мојата искреност охрабрам барем една мајка да престане да се чувствува виновна и да сфати дека не е помалку мајка поради одлуката што ја донела, тогаш знам дека вредеше да зборувам.
Со почит, Антониа“, напиша пејаката.

Таа раскажа дека била во постпородилна депресија, и не се чувствувала своја кога го доела синот. Пејачката изјави дека поважно ѝ било детето да не биде гладно и го дохранувала затоа што немала доволно млеко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот