Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Приведен возач кај Боговиње, возел 177 километри на час

Возач од Тетово е лишен од слобода откако полициски службеници утврдиле дека управувал возило со брзина повеќе од двојно поголема од дозволената.

Денеска, 01.07.2026 година, во 18 часот, на патот Гостивар – Тетово, поточно кај клучката Боговиње, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР, со специјално возило пресретнувач, измериле возило што се движело со 177 километри на час, на делница каде што брзината со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.

По насоки на јавен обвинител, од слобода е лишен К.Б. од Тетово, кој управувал патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки.

Против 47-годишниот возач се преземени соодветни мерки и тој ќе се соочи со законски предвидената санкција според член 297-а од Кривичниот законик на РСМ.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесат за побезбедни патишта.

ВИДЕО | Возач снимен како „дрифта“ низ Тетово — уништи новозасадени дрвја и зеленило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот