Фото: Принтскрин / ЈКП Тетово

ВИДЕО | Возач снимен како „дрифта“ низ Тетово — уништи новозасадени дрвја и зеленило

Јавното комунално претпријатие Тетово денес објави видео на кое се гледа како возач со автомобил дивее по тетовските улици, уништувајќи новозасадени дрвја и урбано зеленило.

Од претпријатието остро го осудија, како што велат, неодговорното однесување и несовесното управување со возилото, кое резултирало со оштетување на јавниот простор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SLOBODENPECAT.MK (@slobodenpecat.mk)

Посочуваат дека ваквите постапки предизвикуваат сериозна штета врз урбаното зеленило и негативно влијаат врз изгледот на градот и квалитетот на животната средина.

„Наместо да оштетуваме, да садиме. Ако сите засадеа само по едно дрво, нашиот град ќе беше позелен и поубав“, порачаа од ЈКП Тетово.

Оттаму апелираат до граѓаните да покажат поголема одговорност и грижа кон јавните површини, нагласувајќи дека зачувувањето на зеленилото е заедничка обврска на сите.

Ова не е прв случај на опасно и несовесно возење во Тетово и во околината. Пред извесно време полицијата исклучи 15 возила со македонски и со странски регистарски ознаки на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, откако биле затекнати во подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово–Скопје и обратно.

Од Министерството за внатрешни работи тогаш информираа дека им изрекле соодветни казни на „дивите тркачи“, кои се честа појава во Тетово и тетовско, особено во летните месеци, кога во градот доаѓаат многу негови жители на привремена или постојана работа во странство.

Полицијата предупреди дека, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на прекршителите може да им бидат конфискувани возилата во рок до 90 дена.

 

Фатени „диви тркачи“ на автопатот Тетово-Скопје, полицијата им ги заплени колите пред да се тркаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот