Пазарење во маркет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Грција ги замрзнува цените на дел од храната за јули и август

Големото прашање за зголемувањето на цените на основните продукти во Грција било детално дискутирано на утринската средба на премиерот Киријакос Мицотакис и министерот за развој Такис ​​Теодорикакос со претставници на пазарот во палатата Максимос.

Разговорот се одвивал во добра атмосфера и, според информациите на Newsbomb, како прв чекор во борбата против зголемувањето на цените, донесена е одлука за „замрзнување“ на цените на сите основни производи за широка потрошувачка за следните два месеци, односно за јули и август.

Сите учесници на пазарот кои присуствуваа на состанокот се согласија со ова. Оваа нова иницијатива доаѓа како продолжение на имплементацијата на апликацијата posokanei.gov.gr, за која владата претходно призна дека сама по себе не го решава проблемот со цените, туку е важна алатка во борбата против зголемувањето на цените.

Попладнево, министерот Теодорикакос ќе даде изјава во Министерството за развој за исходот од состанокот.

Утринскиот состанок се одржа со учество на вицепремиерот Костис Хадсидакис, министерот за развој Такис ​​Теодорикакос и директорката на Независното тело за заштита на потрошувачите Деспина Цангари — во име на владата, како и претседателот на SEV (Здружение на грчки индустрии) Спирос Теодоропулос, претседателот на Здружението на грчки прехранбени индустрии Јанис Јотис и генералниот директор на Здружението на супермаркети на Грција Апостолос Петалас.

ЕЕС системот донесе гужви и повеќечасовни чекања на аеродромите низ Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот