Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/CONSTANTIN ZINN

Дизелот поевтинува за половина денар, за исто толку поскапуваат бензините

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а за исто толку се зголемува цената на бензините, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 84,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 86,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 79,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,796 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,495 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,243 отсто, кај дизелот за 2,183, кај екстра лесното масло за 1,907 и кај мазутот за 4,388 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,5132 отсто.

Летово две нови директни авиолинии од скопскиот аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот