Летово две нови директни авиолинии од скопскиот аеродром
Од 15 јули од скопскиот аеродром ќе може да се лета до Палермо, а од 18 јули за Алгеро Сардинија во Италија. Скопскиот аеродром ќе ја прошири својата мрежа на линии со уште две нови релации – кон Будимпешта и Неапол, додека охридскиот аеродром ќе добие нова линија до Милано. „Аустријан ерлајнс“ во мај ќе започне со летови од Охрид до Виена, а во јуни, „Визер“ ќе воведе уште две нови линии од Охрид до Катовице и Вроцлав.
Препорачано
– Уште две нови авиолинии од Скопскиот аеродром! Убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Од 15 јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо, а од 18 јули за Алгеро Сардинија во Италија. Со овие две нови авиолинии на Виз Ер се очекува уште повеќе да го зголемат авиосообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот, објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадар Николоски.
Од ТАВ Македонија информираат дека „Визер“ на линијата од Скопје до Палермо од 15 јули ќе сообраќа три пати неделно, секој понеделник, среда и петок, со достапни цени од 29,99 ера а од 18 јули започнува рутата Скопје – Алгеро, која ќе лета два пати неделно, секој вторник и сабота со достапни цени од 39,99 евра.
Летовите до двете нови дестинации се планирани како сезонски линии, односно ќе се реализираат до 11 и 12 септември.


