Алијанса за Албанците: Вреди ги претвори институциите во „биро за вработување“ на блиски роднини

Алијанса за Албанците денеска обвини дека коалицијата Вреди наместо да се бори против непотизмот, станала негов корисник, тврдејќи дека државните институции се користат за вработување на роднини и блиски лица на функционери.

Во партиското соопштение се наведува дека претставниците на Вреди, како што велат, „во замена за функции и привилегии“ молчат за прашања што се однесуваат на положбата на Албанците, употребата на албанскиот јазик, правичната застапеност, Законот за игрите на среќа, полагањето на правосудниот испит на албански јазик и евроинтегративниот процес.

Како пример, од Алијанса за Албанците го посочуваат именувањето на Ариф Муса, татко на пратеничката и потпретседателка на ВЛЕН, Мимоза Муса, за член на Надзорниот одбор на Развојната банка на Северна Македонија, иако е пензионер.

Во соопштението се потсетува дека Ариф Муса, како поранешен член на Државната комисија за спречување на корупцијата, претходно се залагал за преиспитување на именувања во случаи кога постоеле сомнежи за непотизам.

Партијата го споменува и Нусрет Халити, кој, според нив, е внук на Ариф Муса и ја извршува функцијата директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Алијанса за Албанците јавно прашува дали при овие именувања имало политичко влијание и дали постапките биле спроведени транспарентно и преку фер и конкурентна процедура.

Од партијата порачуваат дека, според нив, Вреди не се борел против непотизмот, туку само чекал можност самиот да има корист од таквите практики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот