Фото: EPA/ENNIO LEANZA

ФИФА блокираше повеќе од седум милиони навредливи објави

Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА, соопшти дека нејзиниот систем за заштита на социјалните медиуми блокираше повеќе од седум милиони потенцијално навредливи објави и коментари од почетокот на Светското првенство 2026, што е повеќекратно зголемување во споредба со претходниот Мундијал во Катар.

Според ФИФА, вкупно се модерирани повеќе од 53 милиони објави, додека повеќе од 200.000 навредливи и заканувачки пораки се пријавени до надлежните институции. За споредба, за време на Светското првенство во 2022 година во Катар, околу 470.000 непристојни објави се отстранети, а малку помалку од 20.000 се пријавени.

ФИФА вели дека повеќе од 500.000 пораки испратени до фудбалери, тренери и судии се анализирани со помош на вештачка интелигенција. Од тој број, повеќе од 15.000 случаи се проследени за понатамошна истрага, додека над 1.000 сериозни закани се пријавени до надлежните органи, вклучувајќи ја полицијата и безбедносните служби.

Кампања против расизмот

Паралелно со заштитата на учесниците на социјалните медиуми, ФИФА ја продолжи својата антирасистичка кампања за време на турнирот под слоганот „Слушај, проговори и дејствувај“.

Целта на кампањата беше да се подигне свеста за расистичките навреди и дискриминација, повикувајќи ги навивачите и играчите да пријавуваат инциденти и активно да учествуваат во борбата против говорот на омраза.

ФИФА истакнува дека Светското првенство послужило и како платформа за промовирање на важни општествени теми како што се образованието, здравството, мирот и борбата против дискриминацијата, и дека пораките на кампањата стигнале до повеќе од 15,2 милиони посетители на стадионите, ФИФА фан фестивалите и други официјални локации на турнирот до финалето помеѓу Шпанија и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот