Де ла Фуенте: Шпанија и Аргентина сакаат да играат напаѓачки и затоа очекувам спектакл
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го најави финалето на Светското првенство против Аргентина, нагласувајќи дека неговите играчи треба да уживаат во можноста да се борат за највредниот трофеј во светскиот фудбал в недела од 21.00 часот.
Препорачано
На прес-конференција, повторно го покажа своето чувство за хумор. На прашањето дали се чувствува нервозно пред најважниот натпревар на првенството, тој даде неочекуван одговор:
– Искрено, единственото нешто што ме нервира е летот со хеликоптер до хотелот. Така стигнавме таму, а по конференцијата повторно летаме. Тоа е единственото нешто што ме прави вознемирен. Што се однесува до финалето, сум целосно смирен. Привилегија е да можам да играм во натпреварот за титулата светски шампион. Најважно е да се бориме за трофејот. Би сакал да играм во финалето на Светското првенство секоја година, дури и да не победам. Самото стигнување до финалниот натпревар и можноста да се борам за светската круна е нешто посебно – рече Де ла Фуенте.
Зборувајќи за противникот, шпанскиот селектор очекува врвен фудбалски настап.
– Ќе се сретнат две репрезентации кои имаат многу сличности, и во однос на квалитетот на играчите и во стилот на игра. Верувам дека талентот, креативноста и добриот фудбал ќе одлучуваат, а не психолошките игри. И Шпанија и Аргентина сакаат да играат напаѓачки, и затоа очекувам вистински спектакл – вели Де ла Фуенте.
Во недела, Шпанија ќе се обиде да ја освои својата втора светска титула против актуелниот светски шампион, првата ја имаа на СП во Јужна Африка 2010, додека Аргентина ќе има можност да го одбрани трофејот освоен на претходниот Мундијал.
Гвардиола откри што мора да направи Шпанија за да стане светски шампион


