Зеленортски Острови на Мундијалот играа против двата финалисти и не загубија
Дебитантскиот настап на Зеленортските Острови на Светското првенство добива уште поголема тежина по комплетирањето на финалето, во кое за шампионската титула ќе се соочат Шпанија и Аргентина.
Препорачано
Токму овие две репрезентации беа противници на африканската селекција на годинашниот Мундијал, а интересно е што Зеленортските Острови не беа поразени од ниту една во регуларните 90 минути.
Во воведното коло од групната фаза одиграа 0-0 против Шпанија, резултат што привлече големо внимание и ги претвори во едно од најпријатните изненадувања на турнирот. Подоцна изборија место во нокаут-фазата, каде во шеснаесетфиналето се сретнаа со актуелниот светски шампион Аргентина. По нерешените 1-1 во регуларниот тек, Аргентинците до триумфот стигнаа по продолженијата, славејќи со 3-2.
Интересна е и споредбата со Австрија, која исто така се соочи со двата финалисти. Австријците беа поразени со 0-2 од Аргентина во групната фаза, а потоа во шеснаесетфиналето загубија и од Шпанија со убедливи 0-3.
ВИДЕО | Досега е доста успешно — кучето Елфи прогнозира дека Аргентина ќе ја победи Англија
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
14мин
-
17мин
-
25мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


