Пелистер како носител од првиот шешир ги чека противниците во Европската лига
Еурофарм Пелистер од привилегирана позиција ќе ја дочека ждрепката за групната фаза во Европската лига, откако битолскиот клуб е сместен во првиот шешир меѓу носителите.
Препорачано
Тоа значи дека македонскиот претставник нема да може да биде извлечен во иста група со Бенфика, Бидасоа Ирун, Фленсбург, Нексе, Татабања, Савехоф и Извиѓач.
Покрај Еурофарм Пелистер, во првиот шешир се наоѓаат Бенфика (Португалија), Бидасоа Ирун (Шпанија), Фленсбург (Германија), Нексе (Хрватска), Татабања (Унгарија), Савехоф (Шведска) и Извиѓач (Босна и Херцеговина).
Во вториот шешир се Карвина (Чешка), Гранољерс (Шпанија), Валур (Исланд), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Елверум (Норвешка), Лимож (Франција), Татран Прешов (Словачка) и Гумерсбах (Германија).
Третиот шешир го сочинуваат Шамбери (Франција), Сесвете (Хрватска), Хафнарфјордур (Исланд), Бузау (Романија), Сен Рафаел (Франција), Слован (Словенија), Торелавега (Шпанија) и Ла Риоха (Шпанија).
Во четвртиот шешир се Маритимо (Португалија), Агуаш Сантас (Португалија), Морс (Данска), Бергишер (Германија), Холстебро (Данска), Вибжеже Гдањск (Полска), Хамарби (Шведска) и ЧСМ Букурешт (Романија).
Ждрепката за групната фаза на Европската лига ќе се одржи денеска со почеток од 11:00 часот.


