Фото: kfshkendija.com

Положани: Мора да бидеме подобри во нападот, ни следуваат потешки европски натпревари

Фудбалерите на Шкендија во Скопје го совладаа составот на ФК Европа од Гибралтар и во реваншот од првото квалификациско коло од Конференциската лига.

Тетовските „црвено-црни“ скоро сите дилеми ги решија веќе во првиот меч по кој славеа со убедливи 5:0.

Тренерот на Шкендија, Артим Положани е задоволен од новиот триумф на Националната арена „Тодор Проески“, но на прес-конференцијата дека нападот не беше најдобар на возвратниот дуел:

– Се подразбира дека беше минимална победа. Очекувањата беа да победиме со уште еден убедлив резултат, но во однос на пристапот, не можам да кажам дека немаше ниво. Она што ме загрижуваше во овој натпревар беа нашите акции во нападот, или напаѓачките акции беа исклучително несмасни. Тоа значи дека во моментот кога имавме простор да извадиме играчи со слободна топка, тие вертикализации што ги имавме во првиот натпревар во Гибралтар, недостасуваа во овој натпревар. Значи, мислам дека треба да работиме на овој аспект бидејќи дефинитивно нè чекаат други потешки натпревари, каде што нема да имаме многу простор во третината од нападот. Во текот на оваа недела, дефинитивно мора да ги избегнеме овие проблеми што ни се случија бидејќи ќе ни бидат потребни подоцна за континуитет – рече Положани.

Тренерот на Шкендија не сакаше да ризикува со голманот Гаје и Мелик поради здравствени проблеми. Димоски и Зејнулаи исто така беа во лоша здравствена состојба, но беа присутни во натпреварот. Амзаи кој го замени Гаје на голманската позиција имаше многу добар настап и тоа е нешто позитивни бидејќи екипата може да смета на двајца квалитетни чувари на мрежата.

Следен противник на македонскиот претставник во Конференциската лига е словенечката екипа на Браво. Првиот меч ќе се игра во Љубљана на 23 јули, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје.

– Секако, ние, не губејќи го фокусот од реваншот, дефинитивно го следевме следниот противник. Тоа е противник кој игра физички фудбал и постојано игра со транзиции. Мислам дека нивото сега се зголемува за овие противници и дефинитивно треба да ја зголемиме нашата маневрираност за да имаме позитивен резултат. Секако, тоа е тим кој минатата година заврши трет во словенечкото првенство, релативно добро, силно првенство. Секое наредно коло во европските купови станува потешко. Но, мислам дека имаме потенцијал да се справиме со Браво – се зборовите на Положани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот