Отворање на претседателска канцеларија 2026 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Гордана Сиљановска Давкова / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Сиљановска-Давкова вели дека Брисел ќе врти нов лист за прием на нови членки, таа дури го знае и датумот

Клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија е 30 септември, кога Европската комисија треба да објави извештај за новиот пристап кон проширувањето, тврди претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

Во интервју за „Канал 5“, таа рече дека на 30 септември Европската комисија првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се одвива натамошниот процес на проширување, а потоа во октомври за истите прашања ќе расправа и Европскиот совет.

„Тоа се моментите што нам ни се важни за да ги процесуираме чекорите што сепак се можни и се договараат“, рече претседателката.

Осврнувајќи се на односите со Бугарија, таа изјави дека по неодамнешните контакти со бугарскиот претседател Румен Радев гледа простор за интензивирање на дијалогот и за барање заеднички решенија. Според Сиљановска-Давкова вели дека Бугарија по прашањата кон надвор настапува усогласено, без оглед на внатрешните политички разлики.

„Ние сме тука навистина еден интересен феномен, за разлика од Бугарија која секаде настапува едногласно, дури и кога не е во право“, посочи Сиљановска-Давкова.

Осврнувајќи се на евроинтегративниот процес, претседателката оцени дека уставните измени сами по себе не претставуваат гаранција дека нема да се појават нови пречки на патот кон Европската Унија. Според неа, изворот на потенцијалните идни блокади е Вториот протокол меѓу Скопје и Софија, чии одредби се вметнати во преговарачката рамка и заклучоците на ЕУ.

„Патот сигурно ќе се отвори за момент, меѓутоа потоа на патот ќе се појави повторно нова препрека. Треба да го анулирате изворот на препреките, а тоа е Протоколот 2“, рече Сиљановска-Давкова.

Кржаловски има идеја како Македонија да се заштити од нови блокади на патот кон ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот