Евгениј Хмара, фото: Telegram / Zelensky official

„Треба да продолжат реформите со војската“ — Зеленски го именуваше Евгениј Хмара за нов министер за одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Евгениј Хмара, досегашниот шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ), за нов вршител на должноста министер за одбрана, пренесува БТА.

Зеленски го соопшти ова на својот канал на Телеграм, наведувајќи дека тој и Хмара разговарале за спроведување операции со оружје со долг дострел против Русија, како и за обезбедување на потребната опрема за вооружените сили на Украина.

„Му доверив на Евгениј Хмара да ја извршува функцијата министер, да ги продолжи реформите во одбранбениот сектор и да ѝ ги обезбеди на Украина сите оние резултати за кои разговаравме. Откако ќе бидат завршени сите правни процедури, ќе им предложам на пратениците да ја одобрат кандидатурата на Евгениј Хмара за функцијата министер за одбрана на Украина“, изјави украинскиот претседател.

 

Се очекува официјализацијата да се случи на следната пленарна седница по парламентарната пауза, на 18 август.

Ова се случува во време на демонстрации во Киев, откако Зеленски го разреши досегашниот министер за одбрана Михајло Федоров, а во парламентот беше избран новиот премиер, Сергеј Корецки, по оставката на Јулија Свириденко.

Одлука за разрешување на Фодоров предизвикува значително незадоволство кај војската, како и кај делови од граѓанското општество.

Толпа народ, претежно млади луѓе, се собраа во Киев, држејќи транспаренти на кои пишуваше „Тргни ги рацете од Федоров“ и „Престани да ја саботираш победата!“ и скандирајќи „Срам!“.

ВИДЕО | Украинци протестираа во Киев против разрешувањето на министерот за одбрана

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот