Владата на Маѓар пријави можна злоупотреба на над 250 милиони евра од времето на Орбан
Унгарската влада денеска соопшти дека доставила извештај до полицијата за сомнителна злоупотреба на јавни средства за набавка на образовен софтвер за време на претходната влада на Виктор Орбан, пренесе Ројтерс.
Препорачано
Премиерот Петер Маѓар, кој го победи Орбан на априлските избори, вети порешителна борба против корупцијата и формирање независно тело за истражување на наводните коруптивни практики за време на владеењето на Орбан.
Орбан негираше какво било незаконско работење.
Унгарскиот министер за наука и технологија Золтан Танач денеска изјави дека неговото министерство ги разгледало договорите во областа на информатичката технологија склучени од 2019 година и изрази сомнежи за оправданоста на трошењето повеќе од 100 милијарди форинти (над 25о милиони евра) за образовен софтвер.
„Наодите покажаа недостаток на конкуренција, монополски системи… лош квалитет, како и институции кои беа изложени на таква ситуација и неразумно високи цени“, рече Танач на прес-конференција.
Тој додаде дека државата ја направила употребата на тие софтверски системи задолжителна и дека училиштата и институциите тогаш немале избор.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во мај изјави дека ЕУ ќе деблокира 16,4 милијарди евра средства за Будимпешта, кои претходно беа задржани поради загриженост за корупција.
Партијата на Маѓар предлага закон со кој Орбан никогаш повеќе нема да може да биде премиер


