ФОТО | 31 година по скандалот, „најпознатата љубовница на светот“ повеќе не личи на себе
Таа не е ниту филмска ѕвезда, ниту музичка дива, ниту успешна политичарка, па дури ниту старлета, но нејзиното име е добро познато на сите на земјината топка. Моника Левински од 1995 година ја носи титулата „најпозната љубовница на светот“. Во меѓувреме, поранешната практикантка „напредна“ и стана активистка, а кога вчера се појавила во Лос Анџелес, многумина не ја препознале.
Препорачано
За сè е виновна аферата со тогашниот американски претседател Бил Клинтон и добро познатата „непристојна ситуација“ во Овалната соба на Белата куќа. Левински тогаш работела како практикантка во резиденцијата. Но, по скандалот, сè се промени во нејзиниот живот. Во меѓувреме, Моника Левински (53) магистрира социјална психологија, стана активистка и писателка, основаше компанија во областа на интернет-трговијата, почна да дизајнира чанти и целосно се трансформираше.
Можеби сега не ја препознавате, бидејќи ретко се појавува во јавност. Сепак, Левински синоќа се појавила на премиерата на новата продукција на компанијата „Дизни“ наречена „Потомци: Злобна земја на чудата“ (Descendants: Wicked Wonderland), што се одржала во Музејот на филмската академија во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
За оваа пригода, Левински избрала долг фустан во интензивно портокалова боја со богат цветен дезен, а стајлингот го комплетирала со чанта во малку потемна нијанса и сандали. Никогаш не изгледала подобро, забележале, додека таа им се насмевнувала на фотографите и очигледно уживаше во настанот.

Аферата не е заборавена, но веќе одамна не е во преден план. Иако помина низ невиден медиумски линч, а ниту јавноста не ја поштеди, Моника Левински го претвори своето искуство во мисија што има цел, па сега живее сосема поинаков живот од времето кога нејзиното име ги полнеше насловните страници на светските магазини.
Од избувнувањето на скандалот во Белата куќа кон крајот на деведесеттите години, таа помина низ трансформација. Поранешна практикантка, долго време предмет на потсмев и понижување, стана борец против сајбер-малтретирањето и страсен застапник за правата на жените.
Покрај нејзината добротворна работа и пишување есеи, таа постигна успех и како телевизиска продуцентка и водителка на поткаст, во кој им помага на другите да ја вратат контролата врз сопствените животи. И уште една работа, што не може да помине незабележано – Моника Левински, која го слави својот 53-ти роденден овој јули, едноставно „пука“ од самодоверба.


