Крис Џенер / Мери Џо „Ем-Џеј“ Шенон / Фото: Инстаграм/Крис Џенер

Почина мајката на Крис Џенер на 91-годишна возраст: „Нема зборови што можат да опишат колку боли“

Мери Џо „Ем-Џеј“ Шенон, мајката на Крис Џенер и баба на сестрите Кардашијан-Џенер, почина денеска на 91-годишна возраст.

Тажната вест ја соопшти Крис Џенер преку Инстаграм, каде што се прости од својата мајка со емотивна порака.

„Денес се простивме од мојата прекрасна мајка Ем-Џеј. Нема зборови што можат да опишат колку ми значеше или колку боли ова збогување. Таа беше срцето на нашето семејство. Ме научи дека семејството е најважно, дека треба безусловно да сакаме и никогаш да не земаме ниту еден заеднички момент здраво за готово“, напиша Џенер.

Таа додаде дека секогаш ќе ѝ недостигаат нивните секојдневни разговори, насмевката и смеата на нејзината мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Мери Џо Шенон им беше добро позната на гледачите на реалното шоу „Во чекор со семејството Кардашијан“ (Keeping Up With the Kardashians), каде што редовно се појавуваше заедно со своето славно семејство. Во 1980 година ја основала детската продавница „Шенон енд Ко“ во Сан Диего.

Крис Џенер имала седум години кога нејзините родители се развеле. Неколку години подоцна, нејзината мајка се омажила за бизнисменот Хари Шенон, со кого била во брак четири децении, сè до неговата смрт во сообраќајна несреќа во 2003 година.

Реј Џеј ги тужи Ким Кардашијан и Крис Џенер: „Го прекршија договорот од 6 милиони долари за 18+ снимката“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот