ким кардашијан реј џеј
Реј Џеј и Ким Кардашијан / Фото: Profimedia

Реј Џеј ги тужи Ким Кардашијан и Крис Џенер: „Го прекршија договорот од 6 милиони долари за 18+ снимката“

Правната сага околу познатата 18+ снимка на Ким Кардашијан и Реј Џеј добива нов пресврт. Пејачот Вилијам Реј Норвуд Џуниор, познат како Реј Џеј, поднесе противтужба против Ким Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер, обвинувајќи ги дека го прекршиле договорот за нагодба вреден шест милиони долари. Според документите, прекршокот бил направен кога тие повторно проговориле за снимката во реалното шоу „Семејството Кардашијан“, објави списанието „Пипл“.

Во документите поднесени на 13 ноември, Реј Џеј (44) ги негира сите наводи од нивната тужба за клевета од октомври. Тој ја нарекува нивната тужба „пи-ар фарса“ исполнета со „злонамерни невистини“, со цел „публицитет, моќ и казна“, а не правда.

Тврди дека Ким Кардашијан (45) и Крис Џенер (70) го тужат за да ја „нахранат својата глад за внимание“ и затоа што тој „повеќе не сака да биде дел од нивната измислена приказна“. Бара нивната тужба да биде отфрлена, а од судот бара и компензација од еден милион долари, плус судски трошоци.

Во противтужбата Реј Џеј тврди дека снимката била направена во 2003 година со обострана согласност и дека токму Кардашијан инсистирала нејзината мајка да го надгледува процесот на објавување. Според него, сите тројца во 2007 година потпишале договор со компанијата за содржини за возрасни „Вивид ентертејнмент“, која ја објавила снимката.

Тој наведува дека Кардашијан подоцна поднела „лажна тужба“ против „Вивид“, тврдејќи дека не дала согласност за дистрибуција, а сето тоа било направено „за да се создаде публицитет пред објавувањето“. Таквите изјави, тврди тој, биле „чиста лага“.

Според документите, конфликтот повторно се разгорел со премиерата на „Семејството Кардашијан“ во април 2022 година. Реј Џеј тврди дека Ким и Крис „измислиле нова лажна контроверзија“ за снимката за да привлечат гледачи.

Во серијата, старлетата го обвинила дека ја предал снимката на нејзиниот поранешен менаџер, дека „сексуално ја нападнал“ додека спиела и дека ја уценувал со наводни нови снимки.

По тие тврдења, Реј Џеј поднел тужба против Кардашијан и Џенер, а спорот бил решен со нагодба во април 2023 година. Тврди дека двете се обврзале да му исплатат шест милиони долари и никогаш повеќе да не ја спомнуваат снимката во серијата.

Но, според него, договорот бил прекршен веќе следниот месец, во мај 2023 година, кога во третата сезона повторно биле дадени изјави за скандалот.

Работите дополнително се закомплицирале кога Ким и Крис во октомври оваа година го тужеле Реј Џеј за клевета. Причина биле неговите јавни коментари на „Ти-ем-зи“ и на „Твич“, каде според нив ги споредил со обвиненијата по РИКО-законот против Шон „Диди“ Комбс.

Реј Џеј се брани дека не знаел дека снимката на „Твич“ била пренесувана во живо, а изјавата за „Ти-ем-зи“ ја нарекол „попатна забелешка“.

На новата противтужба реагираше Алекс Спиро, адвокатот на семејството Кардашијан-Џенер.

„Откако сфати дека го губи случајот и дека се заплеткал, оваа неповрзана, збунувачка дистракција никого не заплашува. Реј Џеј ќе го загуби и овој неоснован случај“, изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот