фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Инфантино за време на Мундијалот прелетал околу 96.500 километри и поминал повеќе од 100 часа во воздух

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за време на Светското првенство ова лето интезивно патуваше низ САД, Канада и Мексико, а анализата на „Асошиејтед прес“ покажува дека во воздух поминал повеќе од 100 часа.

Ова Светско првенство е прво кое се одржува во три држави, во 16 градови и низ четири временски зони и завршува со финалето вечерва во Њу Џерси. Во текот на турнирот Инфантино речиси секојдневно беше во авион, патувајќи меѓу градовите-домаќини, деловните состаноци и јавните настапи.

„Асошиејтед прес“ го следеше неговото движење преку анализа на летовите на приватниот авион „Gulfstream G650“, фотографии од своите новинари, како и објавите на ФИФА и самиот Инфантино на Инстаграм. Според нивните податоци, претседателот на светската фудбалска организација до финалето поминал патека доволна за речиси два и полпати да ја обиколи Земјата.

Авионот од флотата на владата на Катар, со кој управува приватната чартер-дивизија на „Qatar Airways“, бил користен од 9 јуни, кога Инфантино од Лос Анџелес отпатувал за Мексико Сити пред почетокот на турнирот. Оттогаш авионот во просек имал повеќе од еден лет дневно, а во некои денови и повеќе од три.

Покрај присуството на натпреварите, Инфантино патуваше и во Њујорк, каде гостуваше во емисијата „Fox & Friends“, како и во Мајами на самитот на ФИФА со претставници на 211 членки на организацијата. Во меѓувреме, отпатува и во Доха на погребот на поранешниот катарски емир, по што се вратил во САД навреме за полуфиналните натпревари.

Во текот на првенството, авионот на Инфантино, без да се смета патувањето до Катар и назад, поминал речиси пет цели дена во лет. Најдолгиот лет траел 344 минути, на релација Мајами – Сиетл на 15 јуни, додека најкраткиот бил 28-минутниот лет од Сиетл до Ванкувер на 6 јули.

Вкупната помината километража, без патувањето до Катар, изнесувала речиси 96.500 километри. Најнапорниот ден бил 26 јуни, кога авионот летал на релација Мајами – Далас – Сиетл – Мајами.

ФОТО | Дали Инфантино навистина гледаше два различни натпревари кои се играа во исто време?

Никој не може да го симне Инфантино од врвот на ФИФА, ќе добие уште еден мандат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот