ФОТО | Дали Инфантино навистина гледаше два различни натпревари кои се играа во исто време?
Претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, уште од првиот ден на Светското првенство е неизоставен дел од телевизиските преноси, а неговото постојано појавување во свечената ложа на стадионите сè повеќе предизвикува сомнежи и прашања кај фудбалската јавност.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во текот на првите две кола од групната фаза беше пресметано дека Инфантино поминал повеќе од 25.000 километри за да присуствува на натпреварите. Но, вистинската дилема се појави во третото коло, кога натпреварите во рамките на истите групи се играа во ист термин.
Така, претседателот на Светската фудбалска федерација најпрво се појави во телевизискиот пренос од натпреварот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Курасао во Филаделфија, а само 45 минути подоцна беше прикажан и на дуелот меѓу Еквадор и Германија, кој се играше во Ист Радерфорд, во близина на Њујорк.
Иако растојанието меѓу двата стадиона теоретски би можело да се совлада со хеликоптер доколку постоеја сите потребни услови, во пракса такво нешто е речиси невозможно. Токму затоа се појавија сомнежи дека кадрите со Инфантино не се снимени во живо, туку однапред подготвени и дополнително вметнати во телевизискиот пренос.
HOW DID HE DO IT? 😱✈️
A photo of FIFA president Gianni Infantino at both Ecuador vs Germany and Ivory Coast vs Curaçao is going viral, even though both matches were happening at the same time ⏱️🤔
Some fans are saying it could be AI… what do you think?#GianniInfantino #FIFA pic.twitter.com/vSks1GgyUr
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) June 26, 2026
ФИФА засега не се огласува по повод овие тврдења, но на социјалните мрежи сè почесто се посочуваат нелогичности. Во некои преноси Инфантино е прикажан осветлен од сонце, иако во тој момент временските услови на стадионот биле сосема поинакви.
Дополнителен сомнеж предизвикува и фактот што на фотографиите објавени од најголемите светски фотоагенции нема трага од Инфантино на голем број натпревари на кои, според телевизискиот пренос, бил присутен во свечената ложа.
На последниот пример, на натпреварот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Курасао, тој беше прикажан во друштво на претседателот на фудбалската федерација на оваа африканска земја, додека во кадарот од натпреварот меѓу Еквадор и Германија немаше ниту еден од познатите претставници на двете национални федерации.
Засега останува нејасно дали станува збор за техничко решение во телевизиската продукција или за намерен обид претседателот на Светската фудбалска федерација да биде постојано присутен во телевизиските преноси на Светското првенство.
HOW DID HE DO IT? 😱✈️
A photo of FIFA president Gianni Infantino at both Ecuador vs Germany and Ivory Coast vs Curaçao is going viral, even though both matches were happening at the same time ⏱️🤔
Some fans are saying it could be AI… what do you think?#GianniInfantino #FIFA pic.twitter.com/vSks1GgyUr
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) June 26, 2026


