Фото: mtftennis.mk

Ивановски и Приходко ќе играат за финале во Хрватска

Македонските тенисери и Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко обезбедија пласман во полуфиналето на М25 турнирот во Загреб, откако денеска со убедливи настапи славеа во своите четвртфинални пресметки.

Ивановски го елиминираше третиот носител, Шпанецот Хавиер Баранко Косано, со 2-0 во сетови (7-6(4), 7-5). Македонскиот тенисер повторно прикажа сигурна игра, а победата ја обезбеди по два часа и 35 минути. Во првиот сет двајцата тенисери направија по еден брејк, додека решавачкиот момент во вториот сет дојде во 12. гем, кога Ивановски го одзеде сервисот на противникот за конечен триумф.

До место меѓу четворицата најдобри стигна и Олег Приходко, кој без поголеми проблеми го совлада Гркот Димитрис Сакеларидис со 6-4 и 6-3. Натпреварот траеше еден час и 30 минути.

Во полуфиналето Ивановски ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Божо Барун и Андреј Чепелев, додека Приходко ќе го чека подобриот од пресметката Себастијан Зоргер Кумоин Султанов.

Покрај настапот во сингл-конкуренција, Ивановски денеска го очекува и полуфинален меч во двојки. Заедно со Амар Хусеиновиќ ќе игра против грчката комбинација составена од Елефтериос Неос и Петрос Циципас.

Познато против кого може да игра Ѓорческа ако приреди сензација со Анисимова

ВИДЕО | Ѓорческа: Татко ми ми беше „ветер во грб“ – секој ден ме возеше од Скопје до Тетово и назад

Ѓорческа: Сонот стана реалност, ние сме мала земја со големо спортско срце!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот