Ждреб за Вимблдон: Ѓоковиќ стартува против кинески тенисер, можен е дуел со Синер пред финалето
Во Лондон денеска беше одржана ждрепката за третиот Грен слем турнир во сезоната – Вимблдон, кој започнува в понеделник.
Препорачано
Бранителот на титулата и прв носител Јаник Синер во првото коло ќе се соочи со српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ. Доколку ги оправда очекувањата, Италијанецот во завршницата би можел да се сретне со Данил Медведев или Каспер Руд, а во полуфиналето и со Новак Ѓоковиќ.
Српскиот ас и седумкратен шампион на Вимблдон турнирот ќе го отвори против Кинезот Јибинг Ву. На неговиот пат се можни дуели со Андреј Рубљов, Феликс Оже-Алијасим или Камерон Нори, додека евентуалното полуфинале против Синер се најавува како еден од најатрактивните мечеви на турнирот.
The full Gentleman’s singles draw for Wimbledon 2026.
Zoom. pic.twitter.com/ahQyHsRIxG
— Myles David (@TunedIntoTennis) June 26, 2026
Во долниот дел од ждрепката се наоѓа вториот носител Александер Зверев, кој стартува против Белгиецот Александер Блокс, а меѓу неговите потенцијални ривали во подоцнежните рунди се Тејлор Фриц, Бен Шелтон и Артур Фис.
ВИДЕО | Ѓорческа: Татко ми ми беше „ветер во грб“ – секој ден ме возеше од Скопје до Тетово и назад


