Лина Ѓорческа / фото: mtftennis.mk

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа: Пред натпревар го слушам Оливер Драгоевиќ

Нашата најдобра тенисерка на сите времиња, извонредната Лина Ѓорческа, во ексклузивно интервју за „Слободен печат“ открива сегменти од приватниот живот. Како и многу спортисти и таа има свој ритуал и како што вели, можеби ќе звучи необично за многумина што прави пред натпревар.

– Можеби не изгледам така, за многумина можеби ќе биде чудно, но јас секогаш пред натпревар си го пуштам Оливер Драгојевиќ. Многу сакам балади, тоа ме опушта и некако ми дава енергија – вели Ѓорческа.

Потекнува од спортска фамилија, татко врвен одбојкар, репрезентативец и мајка одбојкарка, брат кошаркар, па се заинтересиравме како го одбрала тенисот за нејзин спорт.

-Мојот брат првично тренираше тенис, редовно одев со него на тренизи и сакав да пробам, па така забележав дека ми оди со рекетот и со малото топче. Спонтано го засакав овој спорт – открива таа.

Лина Ѓорчевска – тенисерка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Нејзиното семејство ѝ било силна поддршка од самите почетоци, посебно нејзиниот татко.

– Не е лесно да се спортува тенис, татко ми беше и остана мојот ветер во грб, даде сè од себе да ме носи секаде, да не пропуштам турнири. Од сега гледано, тоа е навистина исцрпувачки и финансиски и физички – раскажува нашата соговорничка.

Имала прилика да ги запознае и да дели маса со најпознатите имиња во тенисот, од Ѓоковиќ до Федерер.

– Федерер е срце човек, тој е прекрасна енергија, плени со добрина. Едноставно сакате да бидете во негово присуство – вели таа.

Лина Ѓорчевска – тенисерка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Цел живот посветен на тенисот

 

– Тренирањето тенис е голема жртва. Низ годините јас се откажав од многу работи за да бидам подобра на теренот. Пред сè, секогаш, го ставав тенисот. Не излегував како моите врсници, не се забавував по родендени и слично. Еве на пример, многу ми е криво што не присуствував на свадба кај моја најдобра другарка – вели низ емоции Ѓорческа.

Лина е заљубена, но не открива во кого, вели дека има партнер и дека е среќна. Покрај тенисот ужива да следи и други спортови, а омилено за гледање ѝ е фудбал. За кого навива и други интересни факти за нејзиниот живот, дознајте во видеото на јутјуб- каналот на „Слободен печат“.

Лина Ѓорчевска – тенисерка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Лина Ѓорчевска – тенисерка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот