Аманда Анисмова/ЕПА/ЈОХН Г. МАБАНГЛО

Противничката на Ѓорческа во 2023 година се повлече од тенисот, а кога се врати заигра како никогаш претходно

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа немаше многу среќа при ждрепката за Вимблдон, откако во првото коло за противничка ја доби шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова.

Анисимова, која има 24 години, важи за една од најквалитетните тенисерки на денешницата. Во моментов е шеста на ВТА-листата, а во досегашната кариера од наградни фондови има заработено повеќе од 13,5 милиони долари.

Американката во минатото беше рангирана и на третото место на светската листа, но во 2023 година направи пауза од професионалниот тенис и се повлече поради проблеми со големите гради. За нејзина среќа го реши проблемот и по осум месеци пауза се врати и заигра како никогаш претходно.

Пред Ѓорческа сега е исклучително тежок предизвик, но и можност за да игра против една од најдобрите во светот.

ВИДЕО | Ѓорческа: Татко ми ми беше „ветер во грб“ – секој ден ме возеше од Скопје до Тетово и назад

Ѓорческа на Вимблдон ќе игра против шестата светска тенисерка!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот