МНР Бугарија / Фото: МИА

Бугарското МНР ќе утврдува како нотата за семејството на Мицкоски излегла во јавноста

Бугарското Министерство за надворешни работи нагласи дека заштитата на дипломатската комуникација е од особено значење и дека секое нарушување на меѓународните правила и воспоставените практики во оваа област е неприфатливо и дека „во тек е проверка за утврдување на сите факти и околности поврзани со обработката на документот“.

Ставот на Софија доаѓа по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за протечената дипломатска нота поврзана со патувањето на неговото семејство во Пампорово во јануари годинава.

Од бугарското МНР наведуваат дека документот што се појави во јавноста се однесува на настани од 6 јануари 2026 година, а надлежните сè уште проверуваат како информацијата излегла надвор од институционалните канали.

„Како што веќе информиравме, нотата што беше дистрибуирана во јавноста се однесува на настани од 6 јануари 2026 година. Во тек е проверка за утврдување на сите факти и околности поврзани со обработката на документот во рамките на Министерството за надворешни работи“, наведуваат од бугарското МНР во изјава за бугарската државна новинска агенција БТА.

Официјална Софија и претходно реагираше на случајот. Бугарското МНР пред неколку дена отфрли дека информацијата за патувањето на семејството на Мицкоски протекла од неговите структури, нагласувајќи дека станува збор за настан од пред неколку месеци, кој не може да се толкува како непосредна безбедносна закана за премиерот и неговото семејство.

Премиерот Мицкоски, пак, во интервју за МРТ изјави дека не верува оти последните случувања се случајни и ги поврза со, како што рече, организирани обиди од Бугарија за влијание врз македонската политичка сцена.

Според него, зад дел од јавните настапи и политички активности стои поширока агенда за промовирање позиции што македонските граѓани не ги прифаќаат.

Случајот со протечената нота предизвика реакции и во Македонија и во Бугарија.

Бугарските власти најавуваат дека повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на внатрешната проверка за тоа како документот станал достапен во јавноста.

 Филипче ставаше нули, Мицкоски ставаше во затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот