Пензионери/ Фото: Phil Rees / Alamy / Profimedia

ПИОМ контра Димитриеска-Кочоска за Вториот пензиски столб: Ние си работиме по закон

Фондот на ПИОМ во изјавата за „Слободен печат“ нагласува „дека сите активности во однос на распределбата на средствата од вториот столб се спроведуваат врз основа на законски утврдени критериуми, без можност за дискреционо одлучување, притоа почитувајки ги сите рокови за навремена распределба на членовите во вториот пензиски столб и распределбата на средствата од членовите во вториот пензиски стол

Министерката за финансии Горана Димитриеска- Кочоска не смета дека минстерството со кое раководи е тоа до когo се упатени критиките за ненавремната упатена на над 42 милиони евра кои приватните пензиски фондови, со кои се оштетуваат идните пензионер. Таа, на пратеничко прашање вчера одговори дека за тоа треба да се праша Фондот за пензиско осигурување.

„Слободен печат“ го праша Фондот зошто има нерапределени пари, а оттаму ни посочија дека тие постапуваат согласно она што е во нивна законска надлежност.

– Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (Фонд на ПИОМ) распределбата на придонесите за членовите во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (втор пензиски столб) ја врши исклучиво во согласност со законските надлежности и утврдените постапки, а тие се пропишани во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Правилникот за начинот и постапката на иззвршувањето на функциите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за потребите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на РСМ“ бр. 248/21) – велат од Фондот.

И Државниот ревизор посочува дека Фондот за ПИОМ ги изготвил пресметките навреме.

„Иако Фондот ги изготвува пресметките и ги доставува до надлежното министерство во законски утврдениот рок, средствата не се трансферираат навремено, при што во 2024 година доцнењето изнесува во просек околу два месеца.“, пишува во рвизорскиот извештај.

Од Фондот за ПИОМ, појаснуваат што пишува во Правилникот за начинот и постапката на иззвршувањето на функциите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за потребите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување. Тие посочуваат на член 2 став 2:

„Распределбата на уплатениот придонес за пензиското и инвалидското осигурување, Фондот ја врши од сметката која се користи за уплата и распределба на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување“.

Во член 69 од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, се наведени функциите на Фондот во однос на капитално финансираното пензиско осигурување и стои дека Фондот:

„… ги пре­не­су­ва при­до­не­си­те на чле­но­ви­те на задолжителните пен­зи­ски­ фон­до­ви на сме­тки­те на из­бра­ни­те задолжителни пен­зи­ски фон­до­ви кај чу­ва­рот на имот, вед­наш, а нај­доц­на во рок од пет ра­бот­ни де­на од при­е­мот на при­до­не­си­те, под ус­лов во исти­от рок да би­ле при­ме­ни и со­од­вет­ни по­да­то­ци сог­лас­но со за­кон, кои му овоз­мо­жу­ва­ат на Фон­дот на пен­зи­ско­то и ин­ва­лид­ско­то оси­гу­ру­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја да ја из­вр­ши таа об­вр­ска. До­кол­ку овие ус­ло­ви не се ис­пол­не­ти, Фон­дот на пен­зи­ско­то и ин­ва­лид­ско­то оси­гу­ру­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја по­ста­пу­ва сог­лас­но со чле­нот 68 ста­в (1) на овој за­кон.

-Фондот на ПИОМ во изјавата за „Слободен печат“ нагласува „дека сите активности во однос на распределбата на средствата од вториот столб се спроведуваат врз основа на законски утврдени критериуми, без можност за дискреционо одлучување, притоа почитувајки ги сите рокови за навремена распределба на членовите во вториот пензиски столб и распределбата на средствата од членовите во вториот пензиски столб“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот